Sunday, June 1, 2014

Одговори на прашања од екстерно тестирање по Информатика.

-Прашања и одговори за екстерно Тестирање по Информатика за VI одд. [превземи тука]
-Прашања и одговори за екстерно Тестирање по Информатика за VII одд. [превземи тука]

Автор, професор Марјан Пачавроски.

Friday, May 17, 2013

Friday, February 10, 2012

Како да користиме напредни опции за пребарување на Google

Иако секојдневно имаме потреба и ги користиме сервисите на веб пребарувачите (Search Engines) сепак малкумина од нас знаат како да го извлечат максимумот од нив со што би добиле по прочистени резултати односно би се зголемила ефикасноста на нашето пребарување. Доколку сакте да научите некои нови трикови на пребарување со помош на интернет пребарувачот Google кликнете тука.

Monday, December 12, 2011

Rapid Typing Tutor

Rapid Typing Tutor е бесплатна програма која ќе ви помогне да ја зголемите брзината на вашето пишување со помош на тастатура односно ќе ве научи на „слепо пишување“ т.е. пишување на тастатура без гледање. Програмата содржи повеќе лекции со различни комбинации на копчиња при што треба да се внимава на правилното користење на прстите од рацете односно кои копчиња од тастатурата со кои прсти треба да се притискаат. Како единствена мана на ова бесплатно програмче може да се наведе недостатокот на македонска поддршка и неговиот шаренолик интерфејс. Програмата Rapid Typing Tutor може да ја превземете на следниот линк. Пријатна работа!

Wednesday, December 7, 2011

Образовен софтвер Seterra

Seterra е забавна програма која ќе ви помогне да ги подобрите вашите знаења од геогрфафија. Програмата содржи повеќе од 100 различни вежби од типот на квизови кои од вас барат да ги погодите државите, главните градови, државните знамиња и сл. Со еден збор Seterra претставува забавен начин како да ја совладате географијата.

Wednesday, October 19, 2011

Sumo Paint - безплaтен онлајн графички едитор

Sumo Paint е безплатен онлајн флеш базиран графички едитор кој со своите алатки во голема мера потсетува на Photoshop, но Sumo Paint за разлика од Photoshop е повеќе насочен кон илустрација. Оваа апликација навистина изненадува со големиот број на алатки кои корисниците ќе ги најдат за доста корисни при креирањето или едитирањето на компјутерските графики и слики. Без разлика дали се работи за креирање на импресивни форми, стилски обликувани текстови, или пак едноставно сакате да ги подсредите вашите дигитални фотографи со Sumo Paint тоа ќе го завршите брзо и лесно. Се што треба да направите е едноставно да ја отворите URL адресата www.sumopaint.com или да кликнете тука.
Превземи го MS Paint

Thursday, October 6, 2011

Почина Стив Џобс, ко-осноавчот и виозионерот на Епл

Стив Џобс (Steve Jobs), ко-основачот на Епл и еден од вистинските гении на нашето време почина на 56-годишна возраст, соопштија од Епл.
На насловната страница на Епл (http://www.apple.com/) поставена е фотографија од Стив Џобс, која води до страница на која се одава почит на овој визионерен и креативен генијалец.

Steve Jobs
(1955-2011)
Епл изгуби визионер и креативен генијалец, а светот изгуби исклучително човечко суштество. Оние од нас кои имаа среќа да го познаваат и работат со Стив изгубија драг пријател и инспиративен ментор. Стив зад себе остава компанија која само тој можеше да ја изгради и неговиот дух ќе биде засекогаш основата на Епл.





                          IN MEMORIAM
 

© ITedukacija 2008. All rights reserved.

Site Meter