Monday, October 27, 2008

2.2 Машински дел, логички модел на компјутер (V одд)

Како што веќе кажавме машинскиот дел или хардверот (од анг. збор hardware, што значи железарија) го сочинуваат сите физички односно опипливи делови на компјутерот. Во централната единица се наоѓаат главните елементи на компјутерот, додека останатите елементи се приклучени на неа и се нарекуваат периферни единици или уреди. Според функцијата која ја вршат, периферните единици можат да бидат:
1. Влезни единици - за внесување податоци (тастатура, глувче, скенер) и
2. Излезни единици - за прикажување на резултатите (монитор, принтер).
3. Влезно-излезни единици - модем, звучна картичка, видео/ТВ картичка.

Логички модел на компјутерот
Логичкиот модел на модерниот РС е многу сличен со моделот на компјутер што го дал Џон вон Нојман (John von Numann) во 1940 година. Тој бил математичар, роден во Унгарија, а живеел и работел во САД. Неговиот модел се состоел од 5 основни компоненти: процесор (CPU), влезна единица (Input), излезни единици (Output), работна меморија (Memory) и перманентна меморија (Drives). Реализацијата на тој модел морала да причека за да биде реализирана се до појавата на транзисторите и електричните чипови.

Централна Единица
Централната единица е сместена во метално кутија (т.н. куќиште), и во неа се наоѓаат главните елементи на компјутерот како што се: процесорот (CPU- Central Processing Unit), внатрешните и надворечните мемории итн.
На предната страна од кутијата се наоѓаат разни копчиња (копче за вклучување на компјутерор, копче за рестартување), индикаторни ламбички додека на задната страна од кутијата (кучиштето) се наоѓаат приклучоците за периферни уреди, како и приклучокот за електрично напојување.
Компјутерските кутии односно куќиштата претставуваат тело на компјутерот, овозможувајќи му на производителот да ги вклопи сите неопходни компјутерски компоненти (делови) во една целина која може да се пренесува ако е потребно. Постојат хоризонтални и вертикални кутии (куќишта). Хоризонталните можат да бидат десктоп (анг. desktop) или пак тенки т.н. слим (slimline desktop), вертикалните според големината и намената можат да бидат: ниски (анг. mini tower), средни (анг. midi tower) и високи (анг. full tower).

Процесорот (CPU- Central Processing Unit) ја има главната задача во компјутерот- да врши обработка на податоците. Тој се состои од голем број на електронски кола поврзани во функционални целини и спакувани во еден чип. Процесорот се состои од три основни делови, а тоа се : аритметичко-логичка единица, управувачка единица и регистри. Процесорот при својата работа користи посебни импулси генерирани од такт-генераторорот со голема брзина. Брзината на генерирање на импулсите се нарекува фреквенција и се изразува во единицата херци -Hertz (Hz), додека брзината на денешните процесори се мери во GHz (гига херци). Најпознати произведувачи на процесори се фирмите INTEL, MOTOROLA и AMD.
Матичната плоча (motherboard)- процесорот и внатрешната меморија се сместени на матичната плоча, на која уште се наоѓаат и слотови, односно лежишта за поставување на сите останати картички.




2.1 Основна градба на компјутер (V одд)


Компјутерски системи
Иако зборот компјутер понекогаш се користи во потесно значење при што се мисли на опипливи и видливи физички делови (на пример, "купив компјутер", "тој има компјутер" и сл.), со компјутер се означува компјутерски систем кој се состои од следните елементи:

• Хардвер (hardware). Хардверот го сочинуваат електронските склопови, механичките и електромеханичките уреди во компјутерскиот систем, односно елементите на компјутерскиот систем кои се видливи и физички опипливи се означуваат со терминот хардвер.
• Софтвер (software). Со терминот софтвер се означуваат програмите кои се извршуваат на компјутерскиот систсм. Програмите се состојат од детални чекори (упатства) кои компјутерот треба да ги изврши за да ја сработи задачата која му ја дава корисникот.
• Хуманвер (humanware). За функционирање на компјутерскиот систем се неопходни и луѓе оспособени за негово користење. Со терминот хуманвер се означува човекот со неговите знаења и способности да го користи компјутерот.

Компјутерскиот хардвер се состои од повеќе делови, од кои некои се поставени во кутијата на компјутерот (т.н. куќиште), а други се надворешни уреди кои се приклучени на него (пр. печатачи, скенери, звучници, слушалки, микрофони, камери и т.н.). Физичките делови на компјутерот претставуваат посебна функционална единица, поврзани во т.н. компјутерска конфигурација.

Основната конфигурација на персоналниот компјутер се состои од: централна единица, монитор, тастатура и глувче.




Wednesday, October 8, 2008

1. Поим, Типови, Креирање на Веб Дневник (VI odd)


Што е веб дневник (blog)
Blog е персонален дневник, дневна говорница, простор за соработка, излез за новости, колекција од линкови, ваши приватни мисли и коментари, забелешки за светот, коментари на секојдневието. Вашиот blog (веб дневник) е онаков каков што вие сакате да биде. Има милиони блогови во различни форми и големини, и во суштина не постојат строги правила. Со прости зборови, web дневник (blog) е веб сајт каде што вие пишувате за работи на продолжителна основа. Новите записи се прикажани на почеток, така вашите читатели ќе можат да прочитаат што е ново. Тие ќе можат прочитаното да го коментираат, да ви остават линк или да ви испратат email (електронска пошта). Откако се појави блогерството 1997-1999, блоговите го изменија целиот интернет, влијаеа на свери од општеството, милиони луѓе добија “глас” и можност да се поврзат со други луѓе. Многумина веруваат дека ова е само почеток.

Од каде доаѓа терминот blog
Поимот веб-дневник односно blog доаѓа од терминот “Web Log” за прв пат е употрбен од страна на Jorn Barger во 1997 година. Подоцна Peter Merholz на неговиот blog (www.peterme.com) на шега ќе го подели терминот “we|b log” на "we blog" и така е добиен денес популарен термин blog. Веб дневникот (blog-от) е најчесто одржуван од една личност (aвторот на еден блог често се вика блогер) каде редовно се објавуваат матерјали од типот на коментари, описи на случки, графички/виедо записи, новости и т.н. овие одделните написи на блог се нарекуваат „постови“, при што последниот објавен артикал се прикажува прв. Многу блогови ја извршуваат функцијата на персонални дневници. Читателот има можност да остави коментар што му дава многу важен интерактивен формат на веб-дневникот. Повеќето веб-дневници се текстуални меѓутоа има и такви кои се фокусираат на уметноста, фотографијата, видеото, музиката и т.н.

Типови на веб-дневници
Во зависност од видот на содржината која ја опфаќаат, меѓутоа и од начинот на кој содржината е прикажана постојат повеќе типови на блогови:
• Лични (Personal blogs)
• Прашални (Question Blogging)
• Корпоративни (Corporate blogs)
• Блогови според медиум (By Media Type)- видео vlog, линкови linklog, фотографии photoblog.
• Според уреди (By Device) – за мобилни телефони и PDA уреди moblog.
• Според тематиката- едукативни, модни, политички, туристички, за домаќинство...
• За домаќинство (House Blog).

Како да регистрирате ваш blog- видео презентација:


Thursday, October 2, 2008

1. Интернет Технологии (VIII одд)

1.1 Компјутерски Мрежи
1.2 Интернет
-Електронска Пошта
-Outlook Express


превземи презентација: Бесплатна електорнска пошта ... [превземи]
видео презентација pop gmai конфигурација:


Wednesday, September 24, 2008

1.7 Примена на компјутерите во општеството (V одд)

Првите компјутери се користеле само за научни или воени истражувања, користени од мал број луѓе. Со брзиот развој на електрониката и на новите технологии на изработка на компјутерски елементи, нивната цена постојанао опаѓа, а нивната примена се повеќе се проширува во сите области. Денес не постио област во која компјутерите не нашле примена: индустријата, економијата , трговијата, администрацијата, медицината, војската, полицијата, комуникациите, сообраќајот, угостителството, образованието, културата, науката, уметноста итн. Луѓето се во состојба да комуницираат полесно од кога и да е. Семејствата остануваат поврзани без разлика колку се оддалечени, поевтино од секогаш. Email, instant messaging и chat rooms алатки кои многу лесно се учат.
Е-комерцот го револуционира начинот на кој луѓето ги трошат своите пари. Се повеќе луѓе подароците за Нова година и Божиќ ги купуваат on line Популарни интернет сајтови како Ebay ја промовираат купопродажната индустрија од дома насекаде во светот. Компјутерите станаа важен дел во процесот на едукација. Информатички вештата работна сила е важна за националната економија. Предавањето и учењето е олеснето со користење на компјутери во училниците.

Негативните влијанија на компјутерите
ИКТ освен што реши многу проблеми но исто така создаде и некои нови. Внесе извесен културно социолошки проблем кај лицата кои се обидуваат да се справат со новата технологија. Компјутерите заменија многу работни места. Влијаат на детските активности и развој. Денешниот ‘модерен свет’ без ИКТ (информатичко комуникациски технологии) не би можел да функционира. Компјутерите најдоа примена во секој аспект од нашето живеење. Информатичко комуникациската технологија создаде виртуелен свет, свет без граници.

Превземи презентација ... [превземи]

1.6 Компјутерска култура и етика (V одд)



Компјутерска култура и етика


За помалку од половина век, компјутерската технологија го трансформираше речиси секој аспект од модерниот живот, од начинот на кој ние денес предаваме, водиме бизнис, создаваме уметност, се информираме, учиме ...
Компјутерите одиграа голема улога и дадоа нови значења на создавањето, процесирањето, комуницирањето, заштитувањето и зачувувањето на информации а тоа ќе продолжи да биде така и во иднина.
Компјутерската технологија е најмоќната и најфлексибилната технологија која досега е развиена. Поради оваа причина таа менува се – каде и како работиме, учиме, пазаруваме, минуваме слободно време, стекнуваме пријатели.
Како што информатичката технологија напредува, така и човековата жед за знаење како и желбата да биде доминантен на земјата меѓутоа и во универзумот станува се поголема.
Информацијата сега е движечка сила на општеството и неговата организација, додека нашата зависност од глобалната информациска мрежа и мултимедија секојдневно се повеќе расте. Со се поголемото влијание на информатичката технологија во социјалниот живот и со нејзината злоупотреба почна да се поставува прашањето за компјутерската етика.
Компјутерската етика е дел од гранката на практичната психологија која што се занимава со тоа како луѓето кои што ги користат компјутерите треба да донесат одлуки кои што се однесуваат на професионалното и социјалното однесување.
Идентификувањето на етичките проблеми (прашања) кои што се појавуваат, како и дефинирањето како да се справиме со нив се проблематика со која се занимава компјутерската етика.

Проблемите со кои се среќава компјутерската етика се од областа на :
Приватноста
Интелектуалната сопственост и права
Сопственоста на софтверот
Цензурирањето
Непристојна содржина

10 правила на компјутерската етика:
1. Немој да го користиш компјутерот за да наштетиш на други луѓе.
2. Немој да се мешаш во компјутерската работа на други луѓе.
3. Немој да ѕиркаш во компјутерските фајлови на други луѓе.
4. Немој да го користиш компјутерот за крадење.
5. Немој да го користиш компјутерот за лажно сведочење.
6. Немој да копираш или користиш софтвер за кој не си платил.
7. Немој да користиш компјутерски ресурси од други луѓе без претходна авторизација или соодветна компензација.
8. Не мој да присвојуваш туѓа интелектуална сопственост.
9. Секогаш размисли на социјалните последици на програмата што ја пишуваш или системот што го дизајнираш.
10. Секогаш користиго копјутерот на начин на кој ќе го земеш во предвид почитта кон твоите пријатели луѓето.

(Институт за Компјутерска Етика, 1992)


Тема за размислување:
Правила за етичко однесување во компјутерската училница?!





1.5 Видови компјутери-различна класивикација(V одд)

Видови компјутери

Денес најзастапени се персонални компјутери (PC), кои спаѓаат во групата на микрокомијутери (анг. microcomputers). Освен овие постојат и поголеми компјутери кои се наменети за работа во помали претпријатија и институции, а се наречени миникомпјутери (анг. minicomputers). Додека, пак, за работа на големи фирми и организации, каде што на еден компјутер треба да работат неколку десетини или стотини корисници, се користат големи комијутери (анг. main-frame computers). Историски гледано, први се појавиле големите компјутери. Тие се користеле, а и денес се користат, пред се во големи организации како што се универзитетите, истражувачките институти, полицијата, војската, државните институции (царина, пошта, аеродроми) итн. Главна карактеристика на големите компјутери е можноста на нив да работат неколку стотини корисници, кои можат да бидат и доста оддалечени од него. За одржување на големите компјутери се грижат повеќе стручни лица. Мини компјутерите имаат слични карактеристики со големите компјутери, но се со помали можности. Тие се сместени, најчесто, во една просторија, каде и работи стручно лице - систем инженер, кој управува со компјутерот. Корисниците не се многу оддалечени од компјутерот (се наоѓаат во иста или во блиски згради), а на компјутерот се поврзани со специјални кабли. Третиот вид компјутери - персоналните компјутери ( спаѓаат во групата на microcomputers) денес се најкористени. Нивна основна карактеристика е што се наменети за работа на едно лице.

Персоналните компјутери можат да бидат статични (анг. desktop) и преносни (анг. portable), слика 1 и слика 2,3.

сл. 1 Статичен компјутер . . . . . . . . . . сл. 2 Преносен компјутер . . . . . . . . . . . .сл. 3 Палмтоп

Статичните компјутери се поставуваат на работната маса, било да се користат во домовите или на работните места. Преносните компјутери можат да се пренесуваат и да се користат во разни ситуации и на разни места, како на патување, на одмор, на викенд итн. Тие се со многу помали димензии од десктоп компјутерите и со мала тежина (до неколку килограми). Постојат неколку типови преносни компјутери според големината и тоа: laptop - со големина на актчанта, Notebook - со големина на тетратка, Subnotebook - компјутер со големина на нотес, Palmtop (PDA- Personal Digital Assistant)  можат да стојат на дланка (слика 3).

Денес најнов тренд на преносни компјутери се така наречените wearable (компјутери кои ги носиме на себе). Во суштина се работи за најчестите компјутерски апликации за e-mail, датабази, мултимедија, календар/потсетник интегрирани во часовниви, мобилни телефони па дури и на облека.

Во пракса можеби ке се сретнете и со поимот Сервер или пак Workstation. Сервер всушност претставува компјутер кој што е оптимизиран да опслужува други компјутери преку мрежа. Обично серверите имаат моќни процесори, повеќе меморија и големи хард дискови како и специјани серверски оперативни системи. Workstation (работна станица) исто така претставува модифициран десктоп компјутер кој што има вградено многу моќен процесор, додадена меморија и зголемени можности за одредена група на задачи како што се обработка на 3D графика или развој на компјутерски игри.


 

© ITedukacija 2008. All rights reserved.

Site Meter