Friday, November 20, 2009

DeFYROMizer

За сите вас кои мислат дека е крајно време вашиот почитуван Виндоус ИксПе да престне да ве фиромизира еве решение [тука]. Имено авторот на овој совтвер решил да ја исправи оваа неправда и да го поправи малку кодот со тоа што сите FYROM наставки ќе ги замени со Macedonia / Macedonian.
Напомена: при инсталација поради системските измени кои ги врши, можно е лажно да се препознае како вирус од некои антивирус програми!

Friday, September 18, 2009

Елементи и фази за изработка на проекти со користење компјутер

Елементи и фази за реализација на проектна задача со компјутер [превземи тука] извадок од учебникот Информатика за шесто одделение, Автори Симе Арсеновски, Ѓорги Какашевски, Маја Лошанска- Тодоровска

Tuesday, September 15, 2009

Електронска форма на учебници за V и VI одд

До добивањето на учебниците по Информатика за V и VI одделение може да ја користите нивната електронска форма која може да се превземе тука:

Учебник по Информатика V одд [53MB]
Учебник по Информатика VI одд [15MB]

По превземањето на датотеките (архиви во .zip формат) треба истите да ги отпакувате со помош на десен клик и избирање на опцијата Extract All.

Доколку по ивршувањето на горе опишаните инструкции сеуште на можете да ги отворите фајловите кои се во .PDF формат тогаш ќе треба да ја превземете и инсталирате апликацијата Adobe Acrobat Reader



Thursday, May 14, 2009

Стандарди за постигањата на учениците

Стандарди за знаења на учениците по наставниот предмет Информатика:

-V одделение
-VI одделение

Monday, February 23, 2009

4.10 Заштита при користење на Интернет (V одд)

Заштита при користење на Интернет
(антивирус и антишпиунски програми и нивно користење)

Компјутерки вирус е програма која што може сама да се копира но и да инфицира други компјутери без дозвола или знаење на корисникот. Типичен начин на размножување на вирусите е нивно лепење за програмскиот код на некоја корисна апликација. Покрај кодот на програмата е запишан и програмскиот код на вирусот. Кога ќе се активира заразената програма, вирусот веднаш се сместува во меморијата. Самиот код на вирусот е напишан на тој начин што вирусот се сместува во делот од меморијата кој се користи за системски повици, на пример, активирање на програми. Кога подоцна ќе се активира која било програма, прво се извршува кодот на вирусот и тој се лепи на активираната програма. Ако ваква програма се ископира на USB меморија и се стави на друг компјутер, вирусот ќе се пренесе.
Иако заедничка страна на вирусите им е начинот на размножувањето, тие помеѓу себе се разликуваат според деструктивноста. Некои вируси прават штета (бришат податоци, форматираат дискови и сл.) додека пак, други воопшто не се штетни. Постојат и т.н. "тројански коњи" кои не се активни се до одреден момент (датум, време) кога се активираат и можат да направат штета.
Чистењето на компјутерот од вируси се врши со т.н. антивирусни програми. Кодовите на познатите вируси се познати. Со едноставно пребарување на кодовите низ меморијата и на уредите за перманентна меморија, вирусите можат да се пронајдат и да се исчистат. На ваков начин вирусите кои не биле познати во моментот на пишувањето на антивирусната програма на можат да се детектираат и исчистат, токму поради тоа многу битно е редовно да се апдејтува (update) дата базата на познати вируси од антивирус програмата. Но денес постојат антивирус програми кои интуитивно на база на некоја вештачка интелегенција (со помош на одредени алгоритми) можат да претпостават дека се работи за компијутерски вирус иако не го имаат точниот негов код во датабазата.
Постојат и шпиунски програми (spyware) кои превземаат контрола на интеракцијата помеѓу корисникот и компјутерот без притоа корисникот да биде свесен за тоа. Овие софтвери притаено го мониторираат однесувањето на корисникот при што прибираат различен тип на лични информации за него како што се интернет сурфачки навики, сајтови кои биле посетени, но можат и да превземат контрола и самите да инсталираат други софтвери како и да ја пренасочуваат активноста на интернет прелистувачот. Исто така познато е дека овие шпиунски програми ги менуваат сетирањата(местењата) на компјутерот, што резултира со поставување на различна почетна страница, успорување на интернет конекцијата итн. За заштита и чистење од овие шпиунски програми постојат анти-шпиунски програми кои ги блокираат или го чистат компјутерот од шпиунски кодови а работат на слични принципи како и антивирус програмите објаснети претходно.

4.9 Разговарање преку Интернет (V одд)

На Интернет е овозможено разговарање во реално време во пишана (текстуална) форма и преку микрофон и слушалки (по желба и со web камера). Првиот начин денес е најпопуларен и ние ќе се задржиме на него. Притоа, разговорите можат да се водат во парови меѓу две лица, или во групи конференции од неколку лица. Ваквите разговори популарно се наречени „муабетење" (chating) или Интернет разговарање. Разговарањето преку Интернет е популарно пред се заради запознавањето на луѓе од цел свет а притоа, соговорниците не се гледаат. Исто така, многу ретко се кажува вистинското име. Соговорниците се обраќаат еден кон друг користејќи псевдоними, популарно наречени никови (жаргон кој доаѓа од англискиот збор nick - псевдоним, прекар). Постојат повеќе програми за разговор преку интернет како што се:
• mIRC (Internet Reality Chat)
• Windows Live Messenger (порано познат како msn-Microsoft Network)
• Skype
• Yahoo! messenger

 

© ITedukacija 2008. All rights reserved.

Site Meter