Оперативниот систем (ОС) е множество од програми без кои ниту еден компјутер не може да работи. Тој е врската меѓу корисникот и персоналниот компјутер и затоа мора да биде постојано присутен во меморијата додека компјутерот работи. Оперативниот систем управува со целокупната работа на компјутерот и ги контролира сите операции што се иведуваат во централната единица и на перифериските уреди. Наредбите во компјутерот се задаваат со помош на глувче, тастатура, глас и друго. Денес постојат повеќе оперативни системи пр: DOS, MS Windows, MAC OS, Linux, Unix итн. Тие се разликуваат според начинот на комуникација со корисникот. Денес еден од најкористените ОС е Windows на компанијата Microsoft . Оперативниот систем функционира со своите објекти кои ги прикажува како икони и прозорци. Наредбите се наоѓаат во мени или копчиња, групирани во ленти на работната површина на оперативниот систем. Принципот на задавање наредби со глувче е многу едноставен затоа што корисникот не треба да ги памети сите наредби, туку едноставно ги покажува и ги избира.
Thursday, December 4, 2008
Subscribe to:
Posts (Atom)