Wednesday, October 19, 2011

Sumo Paint - безплaтен онлајн графички едитор

Sumo Paint е безплатен онлајн флеш базиран графички едитор кој со своите алатки во голема мера потсетува на Photoshop, но Sumo Paint за разлика од Photoshop е повеќе насочен кон илустрација. Оваа апликација навистина изненадува со големиот број на алатки кои корисниците ќе ги најдат за доста корисни при креирањето или едитирањето на компјутерските графики и слики. Без разлика дали се работи за креирање на импресивни форми, стилски обликувани текстови, или пак едноставно сакате да ги подсредите вашите дигитални фотографи со Sumo Paint тоа ќе го завршите брзо и лесно. Се што треба да направите е едноставно да ја отворите URL адресата www.sumopaint.com или да кликнете тука.
Превземи го MS Paint

Thursday, October 6, 2011

Почина Стив Џобс, ко-осноавчот и виозионерот на Епл

Стив Џобс (Steve Jobs), ко-основачот на Епл и еден од вистинските гении на нашето време почина на 56-годишна возраст, соопштија од Епл.
На насловната страница на Епл (http://www.apple.com/) поставена е фотографија од Стив Џобс, која води до страница на која се одава почит на овој визионерен и креативен генијалец.

Steve Jobs
(1955-2011)
Епл изгуби визионер и креативен генијалец, а светот изгуби исклучително човечко суштество. Оние од нас кои имаа среќа да го познаваат и работат со Стив изгубија драг пријател и инспиративен ментор. Стив зад себе остава компанија која само тој можеше да ја изгради и неговиот дух ќе биде засекогаш основата на Епл.





                          IN MEMORIAM
 

© ITedukacija 2008. All rights reserved.

Site Meter