Monday, December 12, 2011

Rapid Typing Tutor

Rapid Typing Tutor е бесплатна програма која ќе ви помогне да ја зголемите брзината на вашето пишување со помош на тастатура односно ќе ве научи на „слепо пишување“ т.е. пишување на тастатура без гледање. Програмата содржи повеќе лекции со различни комбинации на копчиња при што треба да се внимава на правилното користење на прстите од рацете односно кои копчиња од тастатурата со кои прсти треба да се притискаат. Како единствена мана на ова бесплатно програмче може да се наведе недостатокот на македонска поддршка и неговиот шаренолик интерфејс. Програмата Rapid Typing Tutor може да ја превземете на следниот линк. Пријатна работа!

Wednesday, December 7, 2011

Образовен софтвер Seterra

Seterra е забавна програма која ќе ви помогне да ги подобрите вашите знаења од геогрфафија. Програмата содржи повеќе од 100 различни вежби од типот на квизови кои од вас барат да ги погодите државите, главните градови, државните знамиња и сл. Со еден збор Seterra претставува забавен начин како да ја совладате географијата.
 

© ITedukacija 2008. All rights reserved.

Site Meter