Monday, October 27, 2008

2.2 Машински дел, логички модел на компјутер (V одд)

Како што веќе кажавме машинскиот дел или хардверот (од анг. збор hardware, што значи железарија) го сочинуваат сите физички односно опипливи делови на компјутерот. Во централната единица се наоѓаат главните елементи на компјутерот, додека останатите елементи се приклучени на неа и се нарекуваат периферни единици или уреди. Според функцијата која ја вршат, периферните единици можат да бидат:
1. Влезни единици - за внесување податоци (тастатура, глувче, скенер) и
2. Излезни единици - за прикажување на резултатите (монитор, принтер).
3. Влезно-излезни единици - модем, звучна картичка, видео/ТВ картичка.

Логички модел на компјутерот
Логичкиот модел на модерниот РС е многу сличен со моделот на компјутер што го дал Џон вон Нојман (John von Numann) во 1940 година. Тој бил математичар, роден во Унгарија, а живеел и работел во САД. Неговиот модел се состоел од 5 основни компоненти: процесор (CPU), влезна единица (Input), излезни единици (Output), работна меморија (Memory) и перманентна меморија (Drives). Реализацијата на тој модел морала да причека за да биде реализирана се до појавата на транзисторите и електричните чипови.

Централна Единица
Централната единица е сместена во метално кутија (т.н. куќиште), и во неа се наоѓаат главните елементи на компјутерот како што се: процесорот (CPU- Central Processing Unit), внатрешните и надворечните мемории итн.
На предната страна од кутијата се наоѓаат разни копчиња (копче за вклучување на компјутерор, копче за рестартување), индикаторни ламбички додека на задната страна од кутијата (кучиштето) се наоѓаат приклучоците за периферни уреди, како и приклучокот за електрично напојување.
Компјутерските кутии односно куќиштата претставуваат тело на компјутерот, овозможувајќи му на производителот да ги вклопи сите неопходни компјутерски компоненти (делови) во една целина која може да се пренесува ако е потребно. Постојат хоризонтални и вертикални кутии (куќишта). Хоризонталните можат да бидат десктоп (анг. desktop) или пак тенки т.н. слим (slimline desktop), вертикалните според големината и намената можат да бидат: ниски (анг. mini tower), средни (анг. midi tower) и високи (анг. full tower).

Процесорот (CPU- Central Processing Unit) ја има главната задача во компјутерот- да врши обработка на податоците. Тој се состои од голем број на електронски кола поврзани во функционални целини и спакувани во еден чип. Процесорот се состои од три основни делови, а тоа се : аритметичко-логичка единица, управувачка единица и регистри. Процесорот при својата работа користи посебни импулси генерирани од такт-генераторорот со голема брзина. Брзината на генерирање на импулсите се нарекува фреквенција и се изразува во единицата херци -Hertz (Hz), додека брзината на денешните процесори се мери во GHz (гига херци). Најпознати произведувачи на процесори се фирмите INTEL, MOTOROLA и AMD.
Матичната плоча (motherboard)- процесорот и внатрешната меморија се сместени на матичната плоча, на која уште се наоѓаат и слотови, односно лежишта за поставување на сите останати картички.




2.1 Основна градба на компјутер (V одд)


Компјутерски системи
Иако зборот компјутер понекогаш се користи во потесно значење при што се мисли на опипливи и видливи физички делови (на пример, "купив компјутер", "тој има компјутер" и сл.), со компјутер се означува компјутерски систем кој се состои од следните елементи:

Хардвер (hardware). Хардверот го сочинуваат електронските склопови, механичките и електромеханичките уреди во компјутерскиот систем, односно елементите на компјутерскиот систем кои се видливи и физички опипливи се означуваат со терминот хардвер.
Софтвер (software). Со терминот софтвер се означуваат програмите кои се извршуваат на компјутерскиот систсм. Програмите се состојат од детални чекори (упатства) кои компјутерот треба да ги изврши за да ја сработи задачата која му ја дава корисникот.
Хуманвер (humanware). За функционирање на компјутерскиот систем се неопходни и луѓе оспособени за негово користење. Со терминот хуманвер се означува човекот со неговите знаења и способности да го користи компјутерот.

Компјутерскиот хардвер се состои од повеќе делови, од кои некои се поставени во кутијата на компјутерот (т.н. куќиште), а други се надворешни уреди кои се приклучени на него (пр. печатачи, скенери, звучници, слушалки, микрофони, камери и т.н.). Физичките делови на компјутерот претставуваат посебна функционална единица, поврзани во т.н. компјутерска конфигурација.

Основната конфигурација на персоналниот компјутер се состои од: централна единица, монитор, тастатура и глувче.




Wednesday, October 8, 2008

1. Поим, Типови, Креирање на Веб Дневник (VI odd)


Што е веб дневник (blog)
Blog е персонален дневник, дневна говорница, простор за соработка, излез за новости, колекција од линкови, ваши приватни мисли и коментари, забелешки за светот, коментари на секојдневието. Вашиот blog (веб дневник) е онаков каков што вие сакате да биде. Има милиони блогови во различни форми и големини, и во суштина не постојат строги правила. Со прости зборови, web дневник (blog) е веб сајт каде што вие пишувате за работи на продолжителна основа. Новите записи се прикажани на почеток, така вашите читатели ќе можат да прочитаат што е ново. Тие ќе можат прочитаното да го коментираат, да ви остават линк или да ви испратат email (електронска пошта). Откако се појави блогерството 1997-1999, блоговите го изменија целиот интернет, влијаеа на свери од општеството, милиони луѓе добија “глас” и можност да се поврзат со други луѓе. Многумина веруваат дека ова е само почеток.

Од каде доаѓа терминот blog
Поимот веб-дневник односно blog доаѓа од терминот “Web Log” за прв пат е употрбен од страна на Jorn Barger во 1997 година. Подоцна Peter Merholz на неговиот blog (www.peterme.com) на шега ќе го подели терминот “we|b log” на "we blog" и така е добиен денес популарен термин blog. Веб дневникот (blog-от) е најчесто одржуван од една личност (aвторот на еден блог често се вика блогер) каде редовно се објавуваат матерјали од типот на коментари, описи на случки, графички/виедо записи, новости и т.н. овие одделните написи на блог се нарекуваат постови, при што последниот објавен артикал се прикажува прв. Многу блогови ја извршуваат функцијата на персонални дневници. Читателот има можност да остави коментар што му дава многу важен интерактивен формат на веб-дневникот. Повеќето веб-дневници се текстуални меѓутоа има и такви кои се фокусираат на уметноста, фотографијата, видеото, музиката и т.н.

Типови на веб-дневници
Во зависност од видот на содржината која ја опфаќаат, меѓутоа и од начинот на кој содржината е прикажана постојат повеќе типови на блогови:
• Лични (Personal blogs)
• Прашални (Question Blogging)
• Корпоративни (Corporate blogs)
• Блогови според медиум (By Media Type)- видео vlog, линкови linklog, фотографии photoblog.
• Според уреди (By Device) – за мобилни телефони и PDA уреди moblog.
• Според тематиката- едукативни, модни, политички, туристички, за домаќинство...
• За домаќинство (House Blog).

Како да регистрирате ваш blog- видео презентација:


Thursday, October 2, 2008

1. Интернет Технологии (VIII одд)

1.1 Компјутерски Мрежи
1.2 Интернет
-Електронска Пошта
-Outlook Express


превземи презентација: Бесплатна електорнска пошта ... [превземи]
видео презентација pop gmai конфигурација:


 

© ITedukacija 2008. All rights reserved.

Site Meter