Компјутерски системи
Иако зборот компјутер понекогаш се користи во потесно значење при што се мисли на опипливи и видливи физички делови (на пример, "купив компјутер", "тој има компјутер" и сл.), со компјутер се означува компјутерски систем кој се состои од следните елементи:
• Хардвер (hardware). Хардверот го сочинуваат електронските склопови, механичките и електромеханичките уреди во компјутерскиот систем, односно елементите на компјутерскиот систем кои се видливи и физички опипливи се означуваат со терминот хардвер.
• Софтвер (software). Со терминот софтвер се означуваат програмите кои се извршуваат на компјутерскиот систсм. Програмите се состојат од детални чекори (упатства) кои компјутерот треба да ги изврши за да ја сработи задачата која му ја дава корисникот.
• Хуманвер (humanware). За функционирање на компјутерскиот систем се неопходни и луѓе оспособени за негово користење. Со терминот хуманвер се означува човекот со неговите знаења и способности да го користи компјутерот.
Компјутерскиот хардвер се состои од повеќе делови, од кои некои се поставени во кутијата на компјутерот (т.н. куќиште), а други се надворешни уреди кои се приклучени на него (пр. печатачи, скенери, звучници, слушалки, микрофони, камери и т.н.). Физичките делови на компјутерот претставуваат посебна функционална единица, поврзани во т.н. компјутерска конфигурација.
Основната конфигурација на персоналниот компјутер се состои од: централна единица, монитор, тастатура и глувче.
No comments:
Post a Comment