Sunday, February 21, 2010

(Сер) Тим Бернерс-Ли, основачот на WWW

Сер Тим Бернерс-Ли (англиски: Tim Berners Lee) во 1989 година од Европската лабораторија за нуклеарна физика во Швајцарија CERN, пишува предлог за изработка на единствен хипер текстуален програм за дистрибуција на податоците помеѓу луѓето, т.е. се уште само на научниците бидејќи 1989 година суште немало голем број на домашни компјутери и имало многу мал број на корисници на интернет. Овој англиски научник на Божиќ во 1990 година ја воспостави првата врска помеѓу http клиент и сервер преку интернет, со што влезе во историјата како креатор на World Wide Web. Сер Бернерс е и еден од основачите на W3C, телото кое го надгледува развојот на WWW. Вработен е на MIT, најценетиот технички универзитет во САД, а иднината на интернетот ја гледа во семантичкиот веб - паметен систем на организација на податоците на интернет, кој на машините ќе им овозможи подобро сфаќање на човековите потреби, а со самото тоа и ќе даде подобар одговор на нив. Важно е да се напомене WWW ја виде светлината на денот благодарение на бескрајната упорност и посветеност од страна на (Сер) Тим Бернерс-Ли, во спротивно и понатаму ќе останеше на прешливиот архиви на институтот  во CERN.

Sunday, February 14, 2010

Македонски кирилични фонтови

    Користењето на македонски кирилични фонтови не би ви го препорачале доколку работите со документи кои ги чувате на преносливи медиуми и често ги отворате на различни компјутери поради фактот што доколку имате документ кој е пишуван со одреден тип на фонтови и потоа истиот документ го отворите на друг компјутер кој ги нема инсталирано тие специвични фонт, документот односно текстот нема правилно да се прикаже, па дури нема да бидете во состојба ниту да го прочитате самиот документ. Во вакви ситуации секогаш моја препорака е при пишување на документот да користите македонска поддршка. Но сепак фонтовите си имаат своја предност а тоа е лепезата на различни стилови на изгледот на текстот што користењето на македоска поддршка не може да ви го овозможи. IT  Едукација ви овозможува на следниов линк да превземете колекција од околу 180 македонски фонтови, кои по нивното отпакување со двоклик врз датотеката на вашиот локален диск (C:)  во фолдерот Mak Fonts треба да ги ископирате и залепите (пастирате) во фолдерот Fonts кој се наоѓа во Control Panel.   ( Превземи македонски кирилични фонтови )
 

© ITedukacija 2008. All rights reserved.

Site Meter