Сер Тим Бернерс-Ли (англиски: Tim Berners Lee) во 1989 година од Европската лабораторија за нуклеарна физика во Швајцарија CERN, пишува предлог за изработка на единствен хипер текстуален програм за дистрибуција на податоците помеѓу луѓето, т.е. се уште само на научниците бидејќи 1989 година суште немало голем број на домашни компјутери и имало многу мал број на корисници на интернет. Овој англиски научник на Божиќ во 1990 година ја воспостави првата врска помеѓу http клиент и сервер преку интернет, со што влезе во историјата како креатор на World Wide Web. Сер Бернерс е и еден од основачите на W3C, телото кое го надгледува развојот на WWW. Вработен е на MIT, најценетиот технички универзитет во САД, а иднината на интернетот ја гледа во семантичкиот веб - паметен систем на организација на податоците на интернет, кој на машините ќе им овозможи подобро сфаќање на човековите потреби, а со самото тоа и ќе даде подобар одговор на нив. Важно е да се напомене WWW ја виде светлината на денот благодарение на бескрајната упорност и посветеност од страна на (Сер) Тим Бернерс-Ли, во спротивно и понатаму ќе останеше на прешливиот архиви на институтот во CERN.
Sunday, February 21, 2010
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment