Роденденот на Јана
Јана вчера правеше роденденска забава. Таа нѐ замоли да ѝ помогнеме во подготовките, па јас и Сања требаше да бидеме кај неа два часа порано. Сања не сакаше да дојде бидејќи се прикажуваше ТВ-емисијата што долго време ја чекала, но не сакаше ни да ја изневери својата другарка.
Постојано се премислуваше. Де ќе дојде, де ќе остане дома. Откако реши да дојде,заедно појдовме накај Јана. Кога стигнавме, веднаш се фативме за работа, така што сѐ беше подготвено порано од очекуваното.
Еден час подоцна гостите почнаа да пристигнуваат. Дојдоа сите освен Марко, кој бил болен. Иако не можеше да присуствува на забавата, тој ѝ испрати роденденска честитка на Јана.
No comments:
Post a Comment