Friday, November 21, 2008

Матерјали за контролен тест по информатика VI одд!

Припрема за контролен тест по информатика VI одделение:

! 1. Поим, Типови, Креирање на Веб Дневник (VI odd) [ блог-wikipedia]

! 2. Матерјали за MS Word (текст едитори) [превземи тука] (5MB споро се отвора) - доколку имате проблем да го отворите документот инсталирајте го Adobe Reader.

! 3. Пробен интерактивен тест- обработка на текст!!!

Wednesday, November 19, 2008

"Ден на дрвото- засади ја својата иднина"


Нашето училиште ОУ "Гоце Делчев"-Гостивар, се вклучи во акцијата "Засади ја својата иднина", кога поголем број на ученици и наставници учествуваа во акцијата за пошумување и чистење на училишниот двор од нашето училиште.




Пет дена подоцна:

Дрвцето те моли
немој, не крши ме
ме боли!!!


Thursday, November 13, 2008

Тестови

Тест 1- Основи на Информатика (V одд)
Тест 2- Компјутерски Мрежи (VIII и VII одд)
Тест 3- Обработка на текст MS Word (VI, VII и VIII одд )

Wednesday, November 12, 2008

2.7/8 Компјутерски Игри (дефиниција, основни елементи)(V одд)

Компјутерските игри се една од областите каде персоналните компјутерите нашле голема примена. Привлечноста на игрите доаѓа оттаму што ние земаме активно учество и заемно дејствуваме со компјутерот при што нашите постапки и дејствија играат голема улога во одвивањето на понатамошните ситуации во играта. Компјутерските игри (видео игри) се програми во кои заемно дејствуваат играчот и компјутерот. Најчесто компјутерот прикажува дадена ситуација во форма на проблем, а играчот реагира на дадената ситуација со одреден потег како решение за проблемот. Денес најнов тренд се таканаречените мрежни игри каде играчите поединечно или во групи играат сами против себе на компјутери кои се поврзани во мрежа. Во зависност од типот на играта, играчите можат да извлечат победа или пораз, во некои игри се вреднува тоа што играчот треба да ја постигне зададената цел за што покусо време, во други игри треба да се освојуваат што е можно повеќе бодови, додека некои игри вклучуваат и жртви каде нашиот херој може да го загуби животот во некоја симулација.
Копјутерските игри (видео игри) се играат со помош на влезните уреди кои се приклучени на компјутерот а тоа најчесто се тастатурата, глувчето, џоистик (палка за игра), управувач (волан) со педали и слични уреди.


2.8 Типови на компјутерски игри

Како што веќе кажавме компјутерските игри се програми во кои заемно дејствуваат играчот и компјутерот, каде најчесто компјутерот прикажува дадена ситуација во форма на проблем а играчот реагира односно превзема потег како решение за дадениот проблем. Според начинот на кој се постигнува целта, постојат повеќе различни типови игри и тоа: логички, аркадни, стратегии и симулации.
Логичките се оние игри кои што бараат логичко разрешување на проблемот за постигнување на целта.
Аркадни се игрите каде што играчот го движи јунакот низ сцената за да ги надмине сите пречки. За овие игри е потребна голема вештина и прецизност на движење.
• Стратегии се игри каде што се употребува вештината за донесување одлуки во дадени ситуации кои што во моментот или подоцна би добиле на значење.
Симулации се игри каде што целта е што пореално да се прикажат некои активност од реалниот свет.


Tuesday, November 11, 2008

2.5 Програмски дел - софтвер (V одд)


Сите програми во еден компјутер го сочинуваат неговиот програмски дел односно софтвер. За да изврши компјутерот било каква работа, потребно е да му се зададе команда со која се активира и се извршува соодветна програма. Програмата претходно се повикува од надворeшната во внатрешната меморија и потоа се извршува. Ако е програмата правилно напишана, компјутерот ќе го направи точно она што се бара од него.

Софтверот најосновно може да се подели на две главни групи и тоа:
-системски програми
-апликативни програми

Во системските програми спаѓаат:
-оперативните системи (пр. Windows, MAC OS, Linux, Unix и др.)
-контролните програми (BIOS, drivers)
-услужнитс програми (заштита од вируси, инсталирање и деинсталирање, компресија, резервни копии, конфигурацијa и други)

Апликативни програми според областа на нивната примена можат да се поделат на повеќе катеории и тоа:
-уредување на текст
-табеларни пресметувања
-бази на податоци
-компјутерска графика
-статистика и математика
-тековно работење
-комуникации
-мултимедиа
-разни др. апликации

Накратко системските програми управуваат со работата на компјутерот додека пак аплнкативните програми се наменети за извршување на конкретна работа- апликација.

Историски гледано, терминот софтвер првпат го спомнал John Tukey во 1957. Сепак, основните функции на софтверот ги дефинирал Alan Turing, основоположникот на современата криптографија и на вештачката интелигенција. Во времето кога се појавиле првите сметачи, софтверот претставувал посредник меѓу хардверот и податоците, кој овозможувал функционирање на хардверот зависно од инструкциите што ги задава софтверот. Со развојот на информатиката, софтверот претставува посредник меѓу хардверот, податоците и други делови софтвер.

Monday, November 3, 2008

2.4 Внатрешни и Надворешни мемории (v одд)

Податоците во компјутерот се претставуваат во бинарна форма односно со цифрите 1 и 0 кои ги нарекуваме битови односно една единица или нула претставува информација од еден бит. Ознаката која што се користи за означување на бит е b а доаѓа од (анг. bit). За полесна работа со битовите се користат групи од битови односно, група од 8 бита се нарекува 1 бајт а се означува со голема B (од анг. Byte). Групи од 2, 4, 8 или 16 бајти формираат збор.
Денес големината на мемориијата ја изразуваме во единица бајт B или поголеми единици од бајтот а тоа се:
килобајт 1 KB = 1024 B
мегабајт 1 MB = 1024 KB
гигабајт 1 GB = 1024 MB
терабајт 1 TB = 1024 GB
*кажавме дека 1 B (бајт) = 8 b (бита)

Компјутерите имаат два вида на меморија: внатрешна (главна или работна меморија) и надворешна (перманентна меморија)

Внатрешна меморија
Внатрешната моријата е работниот простор во компјутерот. Сите податоци и програми кои ги извршува процесорот мораат да бидат во меморијата. Иако тие, најчесто се снимени на некој од уредите за перманентна меморија (диск, дискета) во моментот кога со нив се работи, мораат да бидат ископирани во внатрешната меморија (RAM).
Постојат два вида на внатрешна меморија :
-ROM (од анг. Read Only Memory) или меморија која може само да се чита, важна карактеристика е тоа што кога компјутерот ќе се исклучи оваа меморија не се брише и во неа се сместени програми кои се извршуваат веднаш по вклучувањето на компјутерот (BIOS) кои овозможуваат тој да се доведе во работна состојба.
-RAM (од анг. Random Access Memory) или меморија со случаен пристап, во која податоците и програмите сосема слободно можата да се запишуваат и бришат како и да се преместуваат од едно место на друго. Меѓутоа со прекинувањето на напојувањето на компјутерот или со неговото гаснење сите податоци и програми во оваа меморија неповратно се губат ако пред тоа не ги зачуваме на некоја постојана (трајна) меморија како што е хард дискот на компјутерот. Има повеќе типови на RAM мемории и тоа: SRAM, DRAM, SDRAM

Надворешна меморија
Бидејќи со исклучување на персоналниот компјутер од напојување се брише внатрешната меморија, се јавува потреба од зачувување на податоците и програмите за подоцнежна употреба. За таа цел се користат надворешни мемории за зачувување на податоците. Запшиувањето на податоците се врши во логички целини наречени датотеки.
Надворешните мемории се изработуват на магнетни, оптички, магнетно-оптички медиоми а во денешно време и на електронски медиуми (USB мемории). Најчести надворешни мемории се:
-магнетна дискета (floppy disk)
-тврд (хард) диск (HDD)
- CD ROM, DVD
-USB мемории (USB flash drive)

-Магнетната дискета претставува тенок свитлив пластичен диск (анг. floppy disk / diskette) премачкан со магнетен материјал и сместен во пластична футрола. На футролата постои отвор иреку кој се читаат и запишуваат податоците. Денешните дискети се со големина од 3,5” (инчи) и имаат капацитет од 1,44 MB.

Пред да започнеме со користење на нова дискета треба претходно да ја форматираме. Форматирање е постапка на делење на дискета на патеки и сектори.

-Хард Диск (Тврд Диск) се состои од една или од повеќе метални или керамички кружни плочи прицврстени на заедничка оска околу која ротираат. Затоа и се нарекува тврд диск (анг. Hard Disk). Секоја плоча е премачкана со магнетен материјал дебел само неколку микрони, а над него се нанесува заштитен слој. За секоја плоча има по две глави за читање и запишување чие позиционирање е многу попрецизно отколку кај дискетата, бидејќи нема поместување на дискивите, а целата конструкција е херметички затворена и нема ипасност од нечистотија како кај дискетите.
Кај магнетниот диск нема директен допир меѓу површината на дисковите и главитe за читање и запишување. Главите „лебдат" над нивната површина на воздушно перниче кое се создава поради многу брзото ротирање на дисковитe на растојание од неколку стотини нанометри. Дискот ротира цело време додека работи компјутерот. Слично како и кај дискетата површината на плочите од тврдиот диск е поделена на сектори и патеки.


-CD kомпакт дискот (Compact Disk - CD) е оптичка надворешна меморија. Тој се состои пластична плоча врз кој е нанесен тенок слој од алуминиум. Податоците (битовите 0 и 1) се запишуваат така што со ласерски зрак се прават мали дупчиња во слојот за податоци. Диск единицата во која се става компакт дискот е со ласерско читање на податоците, при што ласерскиот зрак ја детсктира рефлектираната светлина која се манифестира како битови од нули и сдници. Податоците на CD-ROM дисковите се запишуваат еднаш и не може да се менуваат. а можат де се читаат неограничен број пати, затоа се наречени CD ROM (Compact Disk Read Only Memory). Нивниот капацитетот е 650 или 750 МВ. Запишувањето на податоците не се врши по патеки како кај магнетните дискови. туку по непрекината спирала од надворешноста кон центарот на дискот.
Покрај CD ROM дисковите постојат и CD R (CD Recordable), на кои корисникот може да запише свoи податоци, но само еднаш и CD RW (CD ReWritable), на кои може да сe запишуваат и бришат податоци повеќе пати.

-DVD или дигитален видео диск (анг. Digital Versatile Disc) e пренесувач на податоци оптички уред со доста поголем капацитет од неговиот претходник CD (Compact Disc). DVD е оптички диск кој се користи како средство за висококвалитетно складирање на податоци, но во масовна употреба воглавно служи за складирање филмови. DVD изворно е препознатливо како (Digital Video Disc). DVD дисковите по големината и по изгледот се потполно идентични со CD дисковите а нивниот поголем капацитет за складирање на податоците се должи на поголемата густина на записот (повеќе ласерски избушени дупчиња, се корист ласер со помала бранова должина ) и повеќеслојното запишување на податоците.

-USB flash drive или попозната како USB меморија или Flash меморија претставува посебен тип на елктронска меморија која не се губи при исклучување од напојување и е специјален тип на EEPROM (Electrically Erasable Programmable Read-Only Memory) односно меморија која е електрично избришлива и препрограмирачка.

2.3 Влезни и Излезни Единици (V одд)

Како што досега кажавме, во централната единица се наоѓаа главните елементи на компјутерот, додекасите останати елементи се приклучуваа на неа и нив ги нарекувавме периферни единици односно уреди. Според функцијата која ја вршата овие периферни единици (уреди) нив ги делиме на:
1. Влезни единици - за внесување податоци (текст, звук, слика) во компјутер.
2. Излезни единици- за добивање резултати (податоци) од компјутер.
3. Влезно-Излезни единици

1. Влезните единици служат за внесување на податоци (текст, звук, слика) во компјутер, во групата на влезни единицаи спаѓаат:
- тастатура
- глувче
- скенер
- микрофон,
- дигитален фото апарат
- камера
- и други

-Тастатурата е уред за навигација и внесување на знаци во компјутерот и се состои од три групи на копчиња и тоа: алфабетски, нумерички и функциски.
-Глувчето е уред за позиционирање и навигација во оперативниот систем. Постојат механички(со гумено топче) и оптички(ласерски) глувчиња.
-Скенер е уред со чија помош вршиме дигитализација на податоците (слики, текст и др.) односно содржината од хартијата ја внесуваме во компјутерот во дигитална форма
-Микрофон е уред за пренесување на звукот во дигитална форма кон компјутерот.
- Дигитална камера / фотоапарат претставува камера или фотоапарат која снима видео или фотографии со помош на фото сензитивен сензор и има можност за пренесување на истите во компјутер.

2. Излезни единици служат за добивање резултати (податоци) од компјутер и во оваа група спаѓаат:
- монитор
- печатач
- звучници
- слушалки
- и други

-Монитор е уред на кој се прикажуваат слики или видео кои се генерирани од уреди како што се компјутерите. Постојат монитори со катодна цевка или CRT (Cathode Ray Tube ) монитор и посовремени монитори со течни кристали или LCD (Liquid Crystal Display) монитор.
-Печатачи се уреди со кои пачатиме слика и текст. Има три вида и тоа:
Матрични: со иглички или матрица од точки, користат рибон, и се бавни
Млазни: со капки мастило директно на хартија, погодни за печатење во боја
Ласерски: со ласер и тонер, брзи и квалитетни
-Звучници / слушалки се уреди наменети да го репродуцираат звукот генериран од компјутерот.

3. Влезни- Излезни единици служат за внес меѓутоа и за излез на податоци од компјутерот и во оваа група спаѓаат:
- Модем
- TV (VIVO) картича
- Звучна картичка

-Модем служи за пренесување податоци од еден до друг компјутер. Брзината се мери со битови во секунда (bps). Постјат два вида:
-внатрешни (интерни)
-надворешни (екстерни)
модемот ги претвора дигитални сигнали во аналогни на излезот (модулација) и аналогни во дигитални на влезот (демодулација).
-Звучна картичка уред кој ги опслужува влезните и излезните аудио сигнали.
-TV картичка уред кој ги опслужува влезните и излезните видео сигнали.

 

© ITedukacija 2008. All rights reserved.

Site Meter