Сите програми во еден компјутер го сочинуваат неговиот програмски дел односно софтвер. За да изврши компјутерот било каква работа, потребно е да му се зададе команда со која се активира и се извршува соодветна програма. Програмата претходно се повикува од надворeшната во внатрешната меморија и потоа се извршува. Ако е програмата правилно напишана, компјутерот ќе го направи точно она што се бара од него.
Софтверот најосновно може да се подели на две главни групи и тоа:
-системски програми
-апликативни програми
Во системските програми спаѓаат:
-оперативните системи (пр. Windows, MAC OS, Linux, Unix и др.)
-контролните програми (BIOS, drivers)
-услужнитс програми (заштита од вируси, инсталирање и деинсталирање, компресија, резервни копии, конфигурацијa и други)
Апликативни програми според областа на нивната примена можат да се поделат на повеќе катеории и тоа:
-уредување на текст
-табеларни пресметувања
-бази на податоци
-компјутерска графика
-статистика и математика
-тековно работење
-комуникации
-мултимедиа
-разни др. апликации
Накратко системските програми управуваат со работата на компјутерот додека пак аплнкативните програми се наменети за извршување на конкретна работа- апликација.
Историски гледано, терминот софтвер првпат го спомнал John Tukey во 1957. Сепак, основните функции на софтверот ги дефинирал Alan Turing, основоположникот на современата криптографија и на вештачката интелигенција. Во времето кога се појавиле првите сметачи, софтверот претставувал посредник меѓу хардверот и податоците, кој овозможувал функционирање на хардверот зависно од инструкциите што ги задава софтверот. Со развојот на информатиката, софтверот претставува посредник меѓу хардверот, податоците и други делови софтвер.
No comments:
Post a Comment