Wednesday, September 24, 2008

1.7 Примена на компјутерите во општеството (V одд)

Првите компјутери се користеле само за научни или воени истражувања, користени од мал број луѓе. Со брзиот развој на електрониката и на новите технологии на изработка на компјутерски елементи, нивната цена постојанао опаѓа, а нивната примена се повеќе се проширува во сите области. Денес не постио област во која компјутерите не нашле примена: индустријата, економијата , трговијата, администрацијата, медицината, војската, полицијата, комуникациите, сообраќајот, угостителството, образованието, културата, науката, уметноста итн. Луѓето се во состојба да комуницираат полесно од кога и да е. Семејствата остануваат поврзани без разлика колку се оддалечени, поевтино од секогаш. Email, instant messaging и chat rooms алатки кои многу лесно се учат.
Е-комерцот го револуционира начинот на кој луѓето ги трошат своите пари. Се повеќе луѓе подароците за Нова година и Божиќ ги купуваат on line Популарни интернет сајтови како Ebay ја промовираат купопродажната индустрија од дома насекаде во светот. Компјутерите станаа важен дел во процесот на едукација. Информатички вештата работна сила е важна за националната економија. Предавањето и учењето е олеснето со користење на компјутери во училниците.

Негативните влијанија на компјутерите
ИКТ освен што реши многу проблеми но исто така создаде и некои нови. Внесе извесен културно социолошки проблем кај лицата кои се обидуваат да се справат со новата технологија. Компјутерите заменија многу работни места. Влијаат на детските активности и развој. Денешниот ‘модерен свет’ без ИКТ (информатичко комуникациски технологии) не би можел да функционира. Компјутерите најдоа примена во секој аспект од нашето живеење. Информатичко комуникациската технологија создаде виртуелен свет, свет без граници.

Превземи презентација ... [превземи]

1.6 Компјутерска култура и етика (V одд)



Компјутерска култура и етика


За помалку од половина век, компјутерската технологија го трансформираше речиси секој аспект од модерниот живот, од начинот на кој ние денес предаваме, водиме бизнис, создаваме уметност, се информираме, учиме ...
Компјутерите одиграа голема улога и дадоа нови значења на создавањето, процесирањето, комуницирањето, заштитувањето и зачувувањето на информации а тоа ќе продолжи да биде така и во иднина.
Компјутерската технологија е најмоќната и најфлексибилната технологија која досега е развиена. Поради оваа причина таа менува се – каде и како работиме, учиме, пазаруваме, минуваме слободно време, стекнуваме пријатели.
Како што информатичката технологија напредува, така и човековата жед за знаење како и желбата да биде доминантен на земјата меѓутоа и во универзумот станува се поголема.
Информацијата сега е движечка сила на општеството и неговата организација, додека нашата зависност од глобалната информациска мрежа и мултимедија секојдневно се повеќе расте. Со се поголемото влијание на информатичката технологија во социјалниот живот и со нејзината злоупотреба почна да се поставува прашањето за компјутерската етика.
Компјутерската етика е дел од гранката на практичната психологија која што се занимава со тоа како луѓето кои што ги користат компјутерите треба да донесат одлуки кои што се однесуваат на професионалното и социјалното однесување.
Идентификувањето на етичките проблеми (прашања) кои што се појавуваат, како и дефинирањето како да се справиме со нив се проблематика со која се занимава компјутерската етика.

Проблемите со кои се среќава компјутерската етика се од областа на :
Приватноста
Интелектуалната сопственост и права
Сопственоста на софтверот
Цензурирањето
Непристојна содржина

10 правила на компјутерската етика:
1. Немој да го користиш компјутерот за да наштетиш на други луѓе.
2. Немој да се мешаш во компјутерската работа на други луѓе.
3. Немој да ѕиркаш во компјутерските фајлови на други луѓе.
4. Немој да го користиш компјутерот за крадење.
5. Немој да го користиш компјутерот за лажно сведочење.
6. Немој да копираш или користиш софтвер за кој не си платил.
7. Немој да користиш компјутерски ресурси од други луѓе без претходна авторизација или соодветна компензација.
8. Не мој да присвојуваш туѓа интелектуална сопственост.
9. Секогаш размисли на социјалните последици на програмата што ја пишуваш или системот што го дизајнираш.
10. Секогаш користиго копјутерот на начин на кој ќе го земеш во предвид почитта кон твоите пријатели луѓето.

(Институт за Компјутерска Етика, 1992)


Тема за размислување:
Правила за етичко однесување во компјутерската училница?!





1.5 Видови компјутери-различна класивикација(V одд)

Видови компјутери

Денес најзастапени се персонални компјутери (PC), кои спаѓаат во групата на микрокомијутери (анг. microcomputers). Освен овие постојат и поголеми компјутери кои се наменети за работа во помали претпријатија и институции, а се наречени миникомпјутери (анг. minicomputers). Додека, пак, за работа на големи фирми и организации, каде што на еден компјутер треба да работат неколку десетини или стотини корисници, се користат големи комијутери (анг. main-frame computers). Историски гледано, први се појавиле големите компјутери. Тие се користеле, а и денес се користат, пред се во големи организации како што се универзитетите, истражувачките институти, полицијата, војската, државните институции (царина, пошта, аеродроми) итн. Главна карактеристика на големите компјутери е можноста на нив да работат неколку стотини корисници, кои можат да бидат и доста оддалечени од него. За одржување на големите компјутери се грижат повеќе стручни лица. Мини компјутерите имаат слични карактеристики со големите компјутери, но се со помали можности. Тие се сместени, најчесто, во една просторија, каде и работи стручно лице - систем инженер, кој управува со компјутерот. Корисниците не се многу оддалечени од компјутерот (се наоѓаат во иста или во блиски згради), а на компјутерот се поврзани со специјални кабли. Третиот вид компјутери - персоналните компјутери ( спаѓаат во групата на microcomputers) денес се најкористени. Нивна основна карактеристика е што се наменети за работа на едно лице.

Персоналните компјутери можат да бидат статични (анг. desktop) и преносни (анг. portable), слика 1 и слика 2,3.

сл. 1 Статичен компјутер . . . . . . . . . . сл. 2 Преносен компјутер . . . . . . . . . . . .сл. 3 Палмтоп

Статичните компјутери се поставуваат на работната маса, било да се користат во домовите или на работните места. Преносните компјутери можат да се пренесуваат и да се користат во разни ситуации и на разни места, како на патување, на одмор, на викенд итн. Тие се со многу помали димензии од десктоп компјутерите и со мала тежина (до неколку килограми). Постојат неколку типови преносни компјутери според големината и тоа: laptop - со големина на актчанта, Notebook - со големина на тетратка, Subnotebook - компјутер со големина на нотес, Palmtop (PDA- Personal Digital Assistant)  можат да стојат на дланка (слика 3).

Денес најнов тренд на преносни компјутери се така наречените wearable (компјутери кои ги носиме на себе). Во суштина се работи за најчестите компјутерски апликации за e-mail, датабази, мултимедија, календар/потсетник интегрирани во часовниви, мобилни телефони па дури и на облека.

Во пракса можеби ке се сретнете и со поимот Сервер или пак Workstation. Сервер всушност претставува компјутер кој што е оптимизиран да опслужува други компјутери преку мрежа. Обично серверите имаат моќни процесори, повеќе меморија и големи хард дискови како и специјани серверски оперативни системи. Workstation (работна станица) исто така претставува модифициран десктоп компјутер кој што има вградено многу моќен процесор, додадена меморија и зголемени можности за одредена група на задачи како што се обработка на 3D графика или развој на компјутерски игри.


Sunday, September 21, 2008

1.4 Технолошки генерации компјутери (V одд)

Во електронскиот компјутерски свет, технолошкиот напредок го мериме во генерации. Секоја генерација претставува важна, значајна, промена во компјутерскиот дизајн.

I Генетација
Со ENIAC започнува Првата генерација компјутери која траела до 1959 година. Голем недостаток на компјутерите од оваа генерација бил загревањето на електронските ламби. Тоа барало дополнителни уреди за ладење. Брзината на тие компјутери била мала, имале и мала меморија, а за памтење на податоците се користела перфорирана хартиена картичка.
II Генерација
Периодот од 1959 до 1964 година е познат како Втора генерација компјутери. Компјутерите од оваа генерација се изградени врз база на транзистор. Тоа е електронски елемент што може да ја извршува истата функција како електронската ламба, само што е многу помал, троши помалку енергија и помалку се загрева, а е многу побрз од неа. Оттаму и произлегуваат карактеристиките на компјутерите од оваа генерација: имале мали димензии, поголема брзината на пресметување, а за паметење на податоците се користела магнетна дента...



III Генерација
Пронајдокот на интегралните кола довел до појава на Трета генерација компјутери, која што траела од 1964 до 1969 год. Интегралното коло содржи еквивалент од неколку стотини транзистори на минијатурно парче материјал. Тоа придонесло димензиите на овие компјутерите многу да се намалат и затоа ги нарекле мини комијушери. Нивната брзина се зголемила, цената им опаднала и примената се проширила во многу области од човековата дејност....




IV Генерација
Во седумдесеттите години се јавува мал тенок слој силициум т.н. чип, на кој може да се „отпечати" комплетно интегрално коло. Појавата на чипот ќе доведе до Четвртата генерација компјутери. Четвртата генерација започнува во 1970 година. Во 1976 година е направен првиот персонален комијутер. Затоа оваа генерација е наречена и генерација на персонални комијутери (од анг. Persona Computer - РС). Ова име го добиле, бидејќи се наменети за работа на едно лице.




сл.3 Чип
Поради малите димензии, големите можности, масовното производство и ниските цени, употребата на персоналните компјутерите доживува невидени размери. Со нив може да се комуницира со кој било компјутер во светот, преку посебни комијутерски мрежи.

V и VI Генерација
Денес се користат и компјутери од т.н. Петта генерација компјутери, кои имаат способност за паралелна работа. Исто така, се развива и Шеста генерација компјутери т.н. невронски комијутери, чија работа е слична со работата на невроните во човечкиот мозок и се очекува ова да биде идна генерација на компјутери.
Видео Едукација :

1.3 Кратка историја на компјутерите (V одд)



Прв електронски компјутер бил компјутерот од 1946 година, конструиран на Универзитетот во Пенсилванија, познат под името ENIAC (Electronic Numerical Integrator and Calculator) - електронски нумерички интегратор и калкулатор. Во него конструкторите Џон Мокли и Преспер Екерт вградиле 18 000 електронски ламби. ENIAC бил огромна машина што зафаќала околу 150 квадратни метри површина и тежел 30 тони.
.
.




Сл.1 Електронска ламба



Сл.2 Компјутерот ENIAC

Изградбата на ENIAC траела помеѓу 1943-1945 година, додека спонзор на целиот проект била Американската армија која сакала да го искористи ENIAC за да ги израбти пресметките при дизајнирањетона првата хидрогенска бомба, предвидувањето на временската прогноза, студиите за космички зрачења и т.н. Како најбрз прв целосно електронски компјутер (без механички делови) во тоа време, ENIAC за една секунда можел да изведе 5000 собирања, 257 множења и 38 делења на броеви.




Од историјата, некои претходници на компјутерите.

Првите компјутери биле луѓето! За де не дојде до забуна, зборот односно терминот “компјутер” оригинално означувал работно место т.е се користел да ги опише оние луѓе чија што работа била да извршуваат повторувачки калкулации потребни за пресметки на работи како што се навигациони табели, планетарни позиции за астрономски календари и т.н. Замислетеси да работите работа каде со часови, денови треба да вршите математички пресметки. Без разлика колку и да се трудите сепак тоа нема да биде доволно брзо меѓутоа и доволно точно (без ненамерни грешки). Токму поради овие причини иноваторите со стотици години се обидувале да изнајдат начин да го механизираат процесот на пресметки.

Абакусот (abacus)
е најраната форма на техничко помагало за математички пресметки користена од човекот. Датира од 3000 год. п.н.е. а според некои извори се претпоставува дека е измислен во Вавилон [Salamis Tablet ]. Неговата единствена функција е што претставува помошна меморија на човекот кој ги извршува пресметките. Со мала измена од неговата првична форма тој ја зачувал неговата примена до ден денес ( добро познатата сметалка). Личност која е спретна во работата со абакус операциите за собирање и одземање може да ги извршува подеднакво брзо како и човек кој работи со рачен калкулатор. Како функционира?-Погледнете тука.


Сл.3 многу стара форма на abacus


Сл. 4 денешна верзија на abacus- сметалка


Во 1617 година екцентричниот (многуминаго сметале и за луд) шкот по име Џон Напиер (John Napier) ги измислува логоритмите, кои претставувале технологија која овозможувала математичката операција множење да биде изведена преку собирањето. ‘Магична’ состојка претставувал логоритамот за секој операнд, кој првично бил запишан во табела, меѓутоа подоцна Џ. Напиер ќе ја измисли замената за овие табели каде логоритмите биле изгравирани на дрвени плочки наречени Напиерови коски (Napier's Bones).



Сл.5 модерен сет на Напиерови коски (Napier's Bones)

Напиеровиот изум водел директно кон лизгачкото правило (slide rule), кое за прв пат било направено во Англија 1632 година и кое сеуште се користело во 1960 година кога инженерите на НАСА го конструирале Apollo и кое резултирало со првото слетување на човекот на месечината.

Во 1642 година Блаисе Паскал(Blaise Pascal), на 19 годишна возраст ја измислува машината
Pascaline (Паскалајн) како помошно помагало за неговиот татко кој бил собирач на даанок. Паскал направил 50 тина од овие машини кои работеле со помош на зупчаници (чисто механички) а биле во состојба да ја извршуваат само функцијата на собирање, што значи дека паскалјанот бил претходник на денешните калкулатори кој работел на потоплно механички начин. Сепак Бласие Паскал не можел да продаде многу од сопствениот пронајдок поради фактот што во тоа време со тогашната технологија не било возможно да се направат доволно прецизно изработени зупчаници, па поради тоа и неговата машина пројавувала грешки. Подоцна првите механички брзинометри на постарите автомобили, биле директни наследници на неговиот изум.
Освен овој пронајдок Бласие Паскал ја има измислено и теоријата на веројатност, хидрауличната преса, шприцот.




Сл.6 - (8 дигитна верзија на Pascaline)


Сл.9 - 6 дигитна верзија на Pascaline


Сл. 10 Отворена Pascaline машина на која се гледаат спрегите од зупчаници

1.1 Вовед и запознавање со информатиката. (V одд)

Информација и податок

Кога за некој ученик ќе слушнеме дека е одличен, веднаш помислуваме дека неговата просечна оцена е над 4.50. Ако температурата е над 20 степени, велиме дека надвор е топло. За една земја се вели дека е високо развиена ако има национален доход по жител поголем од 2000 долари. Текстовите ученикот е одличен , надвор е топло и високо развиена земја не информираат за успехот на некој ученик, за времето и за развиеноста на една земја. Затоа, велиме дека тие претставуваат информации. Трите наведени информации можат да бидат и поинакви. На пример, информацијата за некој ученик може да биде и дека тој е добар ученик или слаб ученик. Времето може да биде топло или ладно или пак многу жешко. Една земја може да биде и средно развиена или неразвиена. Која информација ќе ја добиеме за ученикот, за времето или за земјата зависи од податокот. Така, податокот за оцената 4.50 ја дава информацијата дека ученикот е одличен , податокот дека температурата е над 20 степени ја дава информацијата надвор е топло, а податокот дека националниот доход на една земја е над 2000 долари ја дава информацијата високо развиена земја.

Зборот информација доаѓа од латинскиот збор informatio, што значи „поим, претстава, сознание". Додека, науката што се занимава со изучување на информациите и нивношо добивање од иодатоците се нарекува информатика.

Податокот и информацијата се двете основни информациони величини. Секој податок носи во себе некоја (или неколку) информации. Податоците ги изразуваат фактите, поимите и знаењата. Тие се запишуваат во форма разбирлива за човекот: текст, број, слика и звук.

Значењешо што го има некој иодаток велиме дека е информација.

Затоа, често се вели дека податоците иретставуваат записи на информациите. На пример, годините на некој човек претставуваат запис на информацијата за неговата возраст, просечната оцена на некој ученик е запис на информацијата за неговиот успех, температурата е запис на информацијата за времето итн.

Со промената на податоците може да се менува и информацијата. На пример, ако некој ученик ја избрише слабата оцена од писмената работа и си напише друга, тогаш родителите нема да ја добијат информацијата дека тој не учи, туку ќе добијат информација дека добро учи.

Од досега реченото, јасно е дека информациите се добиваат од податоците. Понекогаш е потребно да се обработат повеќе податоци за да се добие една или повеќе информации. Обработката на податоците претставува процес што се состои од низа на дејства што се извршуваат врз податоците за да се добијат информации. На пример, за да се добие информацијата за успехот на некој ученик, потребно е да се пресмета средниот успех, што се прави со следните дејства:

- наоѓање на збирот на оценките по сите предмети и

- делење на добиениот збир со бројот на предметите.

Најчесто, за добивање одредени информаци потребно е да се обработат голем број податоци. На пример, за добивање на информациите за Македонија, како: населеноста, староста на нацијата, вероисповед, вработеноста, невработеноста, образованоста итн., се врши попис на населението. Податоците собрани со пописот мора да се обработат машински т.е. автоматски, односно со компјутери, бидејќи рачната обработка на толкав број податоци е незамислива.

Автоматската обработка на податоци е онаа што ја врши машината без притоа директно учество на човекот во процесот на обработката.


Sunday, September 14, 2008

1.0 Добро дојдовте!

Во ерата на општата компјутеризација, познавањето на информатичката технологија и основните компоненти на компјутерот е мошне важна работа. Ова особено се однесува на младите луѓе кои за прв пат се среќаваат со компјутерот и имаат желба, меѓутоа и потреба подобро да се запознаат со него. ИКТ е во постојан динамичен развој, се појавуваат нови производи, нови пристапи, нови стандарди.

Приклучисе и ти! Никогаш не е доцна да се осознае нешто ново...

проф. Шарески Сашо
 

© ITedukacija 2008. All rights reserved.

Site Meter