Sunday, September 21, 2008

1.3 Кратка историја на компјутерите (V одд)



Прв електронски компјутер бил компјутерот од 1946 година, конструиран на Универзитетот во Пенсилванија, познат под името ENIAC (Electronic Numerical Integrator and Calculator) - електронски нумерички интегратор и калкулатор. Во него конструкторите Џон Мокли и Преспер Екерт вградиле 18 000 електронски ламби. ENIAC бил огромна машина што зафаќала околу 150 квадратни метри површина и тежел 30 тони.
.
.




Сл.1 Електронска ламба



Сл.2 Компјутерот ENIAC

Изградбата на ENIAC траела помеѓу 1943-1945 година, додека спонзор на целиот проект била Американската армија која сакала да го искористи ENIAC за да ги израбти пресметките при дизајнирањетона првата хидрогенска бомба, предвидувањето на временската прогноза, студиите за космички зрачења и т.н. Како најбрз прв целосно електронски компјутер (без механички делови) во тоа време, ENIAC за една секунда можел да изведе 5000 собирања, 257 множења и 38 делења на броеви.




Од историјата, некои претходници на компјутерите.

Првите компјутери биле луѓето! За де не дојде до забуна, зборот односно терминот “компјутер” оригинално означувал работно место т.е се користел да ги опише оние луѓе чија што работа била да извршуваат повторувачки калкулации потребни за пресметки на работи како што се навигациони табели, планетарни позиции за астрономски календари и т.н. Замислетеси да работите работа каде со часови, денови треба да вршите математички пресметки. Без разлика колку и да се трудите сепак тоа нема да биде доволно брзо меѓутоа и доволно точно (без ненамерни грешки). Токму поради овие причини иноваторите со стотици години се обидувале да изнајдат начин да го механизираат процесот на пресметки.

Абакусот (abacus)
е најраната форма на техничко помагало за математички пресметки користена од човекот. Датира од 3000 год. п.н.е. а според некои извори се претпоставува дека е измислен во Вавилон [Salamis Tablet ]. Неговата единствена функција е што претставува помошна меморија на човекот кој ги извршува пресметките. Со мала измена од неговата првична форма тој ја зачувал неговата примена до ден денес ( добро познатата сметалка). Личност која е спретна во работата со абакус операциите за собирање и одземање може да ги извршува подеднакво брзо како и човек кој работи со рачен калкулатор. Како функционира?-Погледнете тука.


Сл.3 многу стара форма на abacus


Сл. 4 денешна верзија на abacus- сметалка


Во 1617 година екцентричниот (многуминаго сметале и за луд) шкот по име Џон Напиер (John Napier) ги измислува логоритмите, кои претставувале технологија која овозможувала математичката операција множење да биде изведена преку собирањето. ‘Магична’ состојка претставувал логоритамот за секој операнд, кој првично бил запишан во табела, меѓутоа подоцна Џ. Напиер ќе ја измисли замената за овие табели каде логоритмите биле изгравирани на дрвени плочки наречени Напиерови коски (Napier's Bones).



Сл.5 модерен сет на Напиерови коски (Napier's Bones)

Напиеровиот изум водел директно кон лизгачкото правило (slide rule), кое за прв пат било направено во Англија 1632 година и кое сеуште се користело во 1960 година кога инженерите на НАСА го конструирале Apollo и кое резултирало со првото слетување на човекот на месечината.

Во 1642 година Блаисе Паскал(Blaise Pascal), на 19 годишна возраст ја измислува машината
Pascaline (Паскалајн) како помошно помагало за неговиот татко кој бил собирач на даанок. Паскал направил 50 тина од овие машини кои работеле со помош на зупчаници (чисто механички) а биле во состојба да ја извршуваат само функцијата на собирање, што значи дека паскалјанот бил претходник на денешните калкулатори кој работел на потоплно механички начин. Сепак Бласие Паскал не можел да продаде многу од сопствениот пронајдок поради фактот што во тоа време со тогашната технологија не било возможно да се направат доволно прецизно изработени зупчаници, па поради тоа и неговата машина пројавувала грешки. Подоцна првите механички брзинометри на постарите автомобили, биле директни наследници на неговиот изум.
Освен овој пронајдок Бласие Паскал ја има измислено и теоријата на веројатност, хидрауличната преса, шприцот.




Сл.6 - (8 дигитна верзија на Pascaline)


Сл.9 - 6 дигитна верзија на Pascaline


Сл. 10 Отворена Pascaline машина на која се гледаат спрегите од зупчаници

No comments:

 

© ITedukacija 2008. All rights reserved.

Site Meter