Sunday, September 21, 2008

1.1 Вовед и запознавање со информатиката. (V одд)

Информација и податок

Кога за некој ученик ќе слушнеме дека е одличен, веднаш помислуваме дека неговата просечна оцена е над 4.50. Ако температурата е над 20 степени, велиме дека надвор е топло. За една земја се вели дека е високо развиена ако има национален доход по жител поголем од 2000 долари. Текстовите ученикот е одличен , надвор е топло и високо развиена земја не информираат за успехот на некој ученик, за времето и за развиеноста на една земја. Затоа, велиме дека тие претставуваат информации. Трите наведени информации можат да бидат и поинакви. На пример, информацијата за некој ученик може да биде и дека тој е добар ученик или слаб ученик. Времето може да биде топло или ладно или пак многу жешко. Една земја може да биде и средно развиена или неразвиена. Која информација ќе ја добиеме за ученикот, за времето или за земјата зависи од податокот. Така, податокот за оцената 4.50 ја дава информацијата дека ученикот е одличен , податокот дека температурата е над 20 степени ја дава информацијата надвор е топло, а податокот дека националниот доход на една земја е над 2000 долари ја дава информацијата високо развиена земја.

Зборот информација доаѓа од латинскиот збор informatio, што значи „поим, претстава, сознание". Додека, науката што се занимава со изучување на информациите и нивношо добивање од иодатоците се нарекува информатика.

Податокот и информацијата се двете основни информациони величини. Секој податок носи во себе некоја (или неколку) информации. Податоците ги изразуваат фактите, поимите и знаењата. Тие се запишуваат во форма разбирлива за човекот: текст, број, слика и звук.

Значењешо што го има некој иодаток велиме дека е информација.

Затоа, често се вели дека податоците иретставуваат записи на информациите. На пример, годините на некој човек претставуваат запис на информацијата за неговата возраст, просечната оцена на некој ученик е запис на информацијата за неговиот успех, температурата е запис на информацијата за времето итн.

Со промената на податоците може да се менува и информацијата. На пример, ако некој ученик ја избрише слабата оцена од писмената работа и си напише друга, тогаш родителите нема да ја добијат информацијата дека тој не учи, туку ќе добијат информација дека добро учи.

Од досега реченото, јасно е дека информациите се добиваат од податоците. Понекогаш е потребно да се обработат повеќе податоци за да се добие една или повеќе информации. Обработката на податоците претставува процес што се состои од низа на дејства што се извршуваат врз податоците за да се добијат информации. На пример, за да се добие информацијата за успехот на некој ученик, потребно е да се пресмета средниот успех, што се прави со следните дејства:

- наоѓање на збирот на оценките по сите предмети и

- делење на добиениот збир со бројот на предметите.

Најчесто, за добивање одредени информаци потребно е да се обработат голем број податоци. На пример, за добивање на информациите за Македонија, како: населеноста, староста на нацијата, вероисповед, вработеноста, невработеноста, образованоста итн., се врши попис на населението. Податоците собрани со пописот мора да се обработат машински т.е. автоматски, односно со компјутери, бидејќи рачната обработка на толкав број податоци е незамислива.

Автоматската обработка на податоци е онаа што ја врши машината без притоа директно учество на човекот во процесот на обработката.


No comments:

 

© ITedukacija 2008. All rights reserved.

Site Meter