Денес најзастапени се персонални компјутери (PC), кои спаѓаат во групата на микрокомијутери (анг. microcomputers). Освен овие постојат и поголеми компјутери кои се наменети за работа во помали претпријатија и институции, а се наречени миникомпјутери (анг. minicomputers). Додека, пак, за работа на големи фирми и организации, каде што на еден компјутер треба да работат неколку десетини или стотини корисници, се користат големи комијутери (анг. main-frame computers). Историски гледано, први се појавиле големите компјутери. Тие се користеле, а и денес се користат, пред се во големи организации како што се универзитетите, истражувачките институти, полицијата, војската, државните институции (царина, пошта, аеродроми) итн. Главна карактеристика на големите компјутери е можноста на нив да работат неколку стотини корисници, кои можат да бидат и доста оддалечени од него. За одржување на големите компјутери се грижат повеќе стручни лица. Мини компјутерите имаат слични карактеристики со големите компјутери, но се со помали можности. Тие се сместени, најчесто, во една просторија, каде и работи стручно лице - систем инженер, кој управува со компјутерот. Корисниците не се многу оддалечени од компјутерот (се наоѓаат во иста или во блиски згради), а на компјутерот се поврзани со специјални кабли. Третиот вид компјутери - персоналните компјутери ( спаѓаат во групата на microcomputers) денес се најкористени. Нивна основна карактеристика е што се наменети за работа на едно лице.
Персоналните компјутери можат да бидат статични (анг. desktop) и преносни (анг. portable), слика 1 и слика 2,3.
сл. 1 Статичен компјутер . . . . . . . . . . сл. 2 Преносен компјутер . . . . . . . . . . . .сл. 3 Палмтоп
Статичните компјутери се поставуваат на работната маса, било да се користат во домовите или на работните места. Преносните компјутери можат да се пренесуваат и да се користат во разни ситуации и на разни места, како на патување, на одмор, на викенд итн. Тие се со многу помали димензии од десктоп компјутерите и со мала тежина (до неколку килограми). Постојат неколку типови преносни компјутери според големината и тоа: laptop - со големина на актчанта, Notebook - со големина на тетратка, Subnotebook - компјутер со големина на нотес, Palmtop (PDA- Personal Digital Assistant) можат да стојат на дланка (слика 3).
Денес најнов тренд на преносни компјутери се така наречените wearable (компјутери кои ги носиме на себе). Во суштина се работи за најчестите компјутерски апликации за e-mail, датабази, мултимедија, календар/потсетник интегрирани во часовниви, мобилни телефони па дури и на облека.
Во пракса можеби ке се сретнете и со поимот Сервер или пак Workstation. Сервер всушност претставува компјутер кој што е оптимизиран да опслужува други компјутери преку мрежа. Обично серверите имаат моќни процесори, повеќе меморија и големи хард дискови како и специјани серверски оперативни системи. Workstation (работна станица) исто така претставува модифициран десктоп компјутер кој што има вградено многу моќен процесор, додадена меморија и зголемени можности за одредена група на задачи како што се обработка на 3D графика или развој на компјутерски игри.
No comments:
Post a Comment