Monday, February 2, 2009

3.1 Поим за мултимедија (V одд)

Мултимедијата вклучува комбинација од текст, фотографии, звук, анимации, видео и интерактивни содржински форми. Односно мултимедијата му обезбедува на компјутерот можност за работа со овие медиуми. За да компјутерот биде во состојба да работи со овие медиуми постојат повеќе хардверски уреди (додатоци) но и најразлични програми за мултимедија. Од хардверските уреди кои се неопходни да ги има вашиот PC би ги наброиле следните:

Звучна картичка – уред кој ги опслужува влезните и излезните аудио сигнали до/од компјутерот под контрола на компјутерски програми. Во денешно време речиси сите матични плочи си имаат своја вградена(onboard) звучна картичка така што нема потреба да вградувате посебна звучна картичка освен ако сакате подобри перформанси.
Микрофон – е уред кој звучните бранови ги претвора во електрични сигнали и како такви ги проследува до звучната картичка.
Звучник- е уред кој обратно од микрофонот, електричните сигнали ги претвора во звучни бранови- звук кој ние го слушаме.
Дигитална / видео камера- е уред кој што со помош на електронски фото сензор слика/снима фотографии или видео.
Графичка или видео картичка- е уред чија што функција е да генерира излезни фотографии и да ги проследи до дисплејот (мониторот). Исто како и со звучните картички и графичките картички се вградени на самата матична плоча и нема потреба да се купува посебна графичка картичка. Се разбира, доколку сакаме да играме некоја од современите компјутерски игри, неопходно да ставиме некоја моќна графичка картичка на нашиот компјутер.



1 comment:

Tomi Stojkovski said...

Nastavnik vie ova go pishuvavte? xD

 

© ITedukacija 2008. All rights reserved.

Site Meter