Monday, February 23, 2009

4.10 Заштита при користење на Интернет (V одд)

Заштита при користење на Интернет
(антивирус и антишпиунски програми и нивно користење)

Компјутерки вирус е програма која што може сама да се копира но и да инфицира други компјутери без дозвола или знаење на корисникот. Типичен начин на размножување на вирусите е нивно лепење за програмскиот код на некоја корисна апликација. Покрај кодот на програмата е запишан и програмскиот код на вирусот. Кога ќе се активира заразената програма, вирусот веднаш се сместува во меморијата. Самиот код на вирусот е напишан на тој начин што вирусот се сместува во делот од меморијата кој се користи за системски повици, на пример, активирање на програми. Кога подоцна ќе се активира која било програма, прво се извршува кодот на вирусот и тој се лепи на активираната програма. Ако ваква програма се ископира на USB меморија и се стави на друг компјутер, вирусот ќе се пренесе.
Иако заедничка страна на вирусите им е начинот на размножувањето, тие помеѓу себе се разликуваат според деструктивноста. Некои вируси прават штета (бришат податоци, форматираат дискови и сл.) додека пак, други воопшто не се штетни. Постојат и т.н. "тројански коњи" кои не се активни се до одреден момент (датум, време) кога се активираат и можат да направат штета.
Чистењето на компјутерот од вируси се врши со т.н. антивирусни програми. Кодовите на познатите вируси се познати. Со едноставно пребарување на кодовите низ меморијата и на уредите за перманентна меморија, вирусите можат да се пронајдат и да се исчистат. На ваков начин вирусите кои не биле познати во моментот на пишувањето на антивирусната програма на можат да се детектираат и исчистат, токму поради тоа многу битно е редовно да се апдејтува (update) дата базата на познати вируси од антивирус програмата. Но денес постојат антивирус програми кои интуитивно на база на некоја вештачка интелегенција (со помош на одредени алгоритми) можат да претпостават дека се работи за компијутерски вирус иако не го имаат точниот негов код во датабазата.
Постојат и шпиунски програми (spyware) кои превземаат контрола на интеракцијата помеѓу корисникот и компјутерот без притоа корисникот да биде свесен за тоа. Овие софтвери притаено го мониторираат однесувањето на корисникот при што прибираат различен тип на лични информации за него како што се интернет сурфачки навики, сајтови кои биле посетени, но можат и да превземат контрола и самите да инсталираат други софтвери како и да ја пренасочуваат активноста на интернет прелистувачот. Исто така познато е дека овие шпиунски програми ги менуваат сетирањата(местењата) на компјутерот, што резултира со поставување на различна почетна страница, успорување на интернет конекцијата итн. За заштита и чистење од овие шпиунски програми постојат анти-шпиунски програми кои ги блокираат или го чистат компјутерот од шпиунски кодови а работат на слични принципи како и антивирус програмите објаснети претходно.

No comments:

 

© ITedukacija 2008. All rights reserved.

Site Meter